И внуците се поинакви од своите дедовци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога се обидов да го расчистам купот стари весници, хартии и разни дребулии од длабокиот внатрешен раб на прозорецот, на подот испадна една фотографија, извиткана од влагата што допирала однадвор: Борко, од времето кога се запознавме, веднаш по Војната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Динамитот сместен до темелите на Отоманската банка не можел долго да издржи - од влагата тој можел лесно да стане неупотреблив.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Надвор, зад високите решетки, небото беше чисто и ослободено од влага.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но тој не видел сѐ, само можел да го замисли она што не го видел додека го триел челото од влагата на земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И немо залипал со празнината на усвитената утроба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Клекнете. Земјата на манастирскиот двор била мека од влага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)