од (предл.) - визба (имн.)

Две сијалици не светеа, но 6-тото сетило ја пронајде вратата од визбата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јасно му е сѐ. Од визбата на дуќанот до водоводната цевка е ископано три метри.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Излеговме од визбата, божем не ни е гајле, а знам дека и Влатко имаше чувство на пораз - како и јас: небаре потурен со студена вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ДОДЕКА СРЕЌАТА ТАНЦУВА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали изнесовте од визбата од она вино што само на победниците им го нудите?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали среќата танцува? Какви се нејзините чекори?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)