Малите оловни војници внимаваа на својот  генерал  застанати со втренчен поглед,  поглед кој не познаваше никого  секогаш чекаа загрижени за него  и кога тој се враќаше гладен и изладен,  искинат и парчосан,  накиснат од грижи и безгрижно уморен,  иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил  зашто неговите победи беа украдени од вечноста,  а противниците воздивнуваа дури и пред неговите  соништа.
               
             
           
            
            
              „Записки“
               од Милчо Мисоски 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сите со столетија кои влегувале и излегувале  од пештерите на Адам; од мигот кои правеле  вечност и од вечноста миг; од древности  кои собирале ѕвезди во пустината  и сушеле месечини по планините;  сите кои се пресоздавале во камења што летаат  на своите страдања  - се раѓале со молитвеник в рака.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таа помисли колку е убаво да си дел од вечноста во вишен слободен лет. Колку е убаво и да не си сама.
               
             
           
            
            
              „Последната алка“
               од Стојан Арсиќ 
              (2013)