Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За илустрација на одот и на резултатите од борбата меѓу стари и нови течења доста е да се потсетиме за борбата на христијанството со паганството, реформирањето на Русија од Петар Велики, преродбата на Чесите, Литовците, правописната реформа на Вук Караџиќ итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Климент Камилски во најголемиот дел од својот живот беше означен од борбата против фашизмот, уште од рововите и барикадите на Граѓанската војна во Шпанија од периодот на диктаторот Франко, па сѐ до учеството во првите борбени редови на антифашистичката борба во Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Робовите тазе беа донесени од борбите по Србија и неколку дена на ред ги продаваа овде, врзани во синџири и целите испарталени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беше затишје од борбата, не знам и јас како беше, и еве го Никифор Абазовски кај мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го начекувам извештајот од борбите за ослободување на Лерин.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Првиот што ме напушти како што знаеш беше лично мојот Благоја, кој откако се прикажа мртов херој го избра заминувањето како единствено решение, а по него еден по еден му се придружуваа сите негови другари од борбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еден по еден ме напуштаа. Тетка Боса во минатата година побарала да ѝ издадат виза за да замине за Виена. Но ја одбиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)