Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)