А еден од аскерите, повозрастен просто го пресече чаушот: — Брак, бре чауш ефенди, бу чуџ ук дер максамдер, бре' (Остави го бре водниче ова дете макцамче).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, јас презимуа, токо ти како си со момците? — го праша Толе и ги побара Трајка, Најда и Велјана кои, плашејќи се од аскерот што се точкаше тие дни по Црна, беше ги испратил поп Ристе на колибата да се маткаат околу стоката, да не паднат в очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да се однесе главата кај трупот! — намуртено нареди бимбашијата и се распраша колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тој момент му пристапи на бимбашијата Суло, чаушот што ја донесе Толевата глава, што го отепа лично Толета и го замоли: — Изим, бимбаши ефенди, да останам ноќеска овдека, оти нозете не ме крепат веќе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Погрешија тие пезевенци, не разбраа работава, — просто почна да се правда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Забитот зборуваше по турски, a еден од аскериве – вчерашниот калуѓер – му ги преведуваше на стариот прашањата: – Од ова село си старче? – праша забитот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)