Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се вртам, а Филип Хаџиевски го брише ножот од алиштата на војникот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги замислував старците со своите бескрајни партии домино, под топлите капки на вода од алиштата закачени меѓу полураспаднатите шперплочи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Го испуштам од устата, од носот, дури и од алиштата ми излегува чад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Оти околу куќите сѐ е црно од алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Којзнае дали се врати или само се приподигна од лебот, од водата, од алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)