Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Романизираните староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)