Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ете, поради тоа, кога убаво се изнасмеав од прочитаното во есејот на Јан Кот „Одалеку-одблиску или Балзаковиот кревет“, веднаш потрчав во собата каде мојата сопруга уживаше во следењето на ТВ серијалите и почнав да и раскажувам за Јан Кот и за неговите средби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)