од (предл.) - десетина (бр.)

— Долното, горното, долното, горното, едното, едното! — се слуша од десетина сеирџии, кои со запрен здив чекаат Ристе да мавне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа го прави повеќе од десетина години, од истиот час и ден кога се врати од Света Гора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но затоа тие беа повеќе товарени на грбовите, а плус Ѓузеповиот товар, секој од нив држеше в раце по еден балон од десетина литри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад нив, подзинато, стои едно машко од десетина години.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За пример да кажам, број му ги зборовите и нема да изброиш повеќе од десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од вашето сопствено знаење, вие никогаш нема да бидете во состојба да кажете дали во него има повеќе од десетина членови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе од десетина часа не се помрдна од легалото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знам едни други луѓе кои неодамна за Турција однесоа еден огромен камен од десетина кила, за туршија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во рок од десетина минути, колку што трае возењето, Хорацио пред секој таксист го обликуваше својот, секогаш различен, портрет, во зависност од genius loci од каде што (божем) потекнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А зошто не јај`ш, држиш диета. Да, викам, држам диета. Од соништата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една група од десетина семејства од тврдината Пешта пребегаа дури преку Црна и засели ново селиште кое го нарече Пештани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)