— Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во топлата ноќ, низ широката пушкарница, ветерот фрли грстови гласови во бункерот и го разбуди нишанџијата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
После краток разговор, гледвме низ широкиот прозорец.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Имаше и денови кога ветерот ѝ го поткреваше фустанот откривајќи ѝ ги белините на ципите, или кога при разминување на тесното скеле ќе им се поджулнеа телата или кога ќе му подаваше цигли под него, а тој слободно ѝ ѕиркаше во нејзините гради низ широкиот отвор на фустанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Бега од неговата прегратка, бега низ широките скалила и една чевличка ѝ паѓа од ногата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Следната вечер,свиревме заедно, а следниот месец, со парите заработени од свирките, појдовме со велосипеди на патувањето низ широката Велика Британија...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, за разлика од некои други малечки држави, во кои што на уметниците им се даваат дипломатски пасоши, во Македонија во „аферата прислушкување“ меѓу шпионираните немаше ниеден уметник, ниеден писател.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нема таков бедуин што крстари низ широките песочни пространства а да не знае за Едип карванџијата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Глупаво, гласно се проѕевна Кузман пуштајќи низ широките ноздри лут тутунски чад. - Тоа не е ништо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Живи или нивните глави, таа е твоја работа. – Разбравте ли синови на пророкот! – се провикна кон купот кадијата, а Суљо му направи длабоко темане, слезе меѓу сеј мените и го јавна црниот арапски ат што му го подари лично падишахот и тргна напред низ широката порта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Едно чудно животно од непознат вид трчеше низ широките простори на неговата радост, но каде се беше упатило и со каква цел, немаше одговор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Никогаш веќе не ќе бидам болен во животот“, изјави момчето, спокојно, стоејќи таму, гледајќи низ широкиот прозорец.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)