низ (предл.) - училиштен (прид.)

Девојките од училиштето често го предизвикуваа на брканици по ходниците и низ училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Една Инес, на една тетка Лина, еден ден го намами да ја брка низ училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Започна сѐ почесто да биде со неа, заедно да доаѓаат на училиште, заедно да си одат, заедно на одморите да шетаат низ училишниот двор, заедно да шетаат и после часовите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Другарчињата на Клои се разбегаа низ училишниот двор и продолжија со своите палави игри.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)