низ (предл.) - стрмен (прид.)

По бомбашите се извлекоа сите четници и војводи со исклучок на Лаќи од Магарево, Тодор од Арматуш, кои во последниот момент паднаа малку подолу од Розов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јавнал на бел алогон коњ, Питу, целиот облечен во срма, се спушташе бавно низ стрмните улици на градот. Тие беа сега речиси пусти.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За’ржа и тој, врисна како пастув по кобила, носејќи ги двајцата низ стрмните урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од килимот ѕвезди на небото, една ѕвезда се спушти, во небеската шир... оставајќи зад себе запалена лента ко искривена патека низ стрмниот рид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тих ветрец вее - низ стрмни странки, се буди гора, - шушкаат гранки, - асики танки...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Секој чекор низ стрмните страни од час во час стануваше сѐ понесигурен, опасен, па колоната сѐ повеќе се развлекуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јужниот брег е испресечен со карпи и за да се дојде до морето се минува низ стрмни патеки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)