Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А во што веруваше тој? Дали овој негов уморен чекор низ снежната шума е негова судбина или негова слободна волја?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А оттаму повремено злослутно ќе се извишеше волчешко завивање и долго се простираше низ снежната ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)