„Ќе се фрлам низ твојот поглед како низ скршен прозорец и ќе избегам во ноќта,“ ѝ велев.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беа обични, заморни снежни партали, поигруваа долго пред неговиот прозорец, сѐ додека една од нив не сврте неколку пати нагоре-надолу, а потем се шмугна низ скршеното окно и му падна на дланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се втурна низ скршената преграда, само за миг, преплави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Ќе ја напуштам оваа ќелија. Никогаш веќе нема да ме сретнеш, нема да бидеме веќе никогаш заедно,“ ѝ велев и со испружени раце ја барав низ собата, внимавајќи да не се сплеткам меѓу огледалата кои се движеа и постојано се вртеа кон мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)