Тоа се случувало до моето пристигнување, со судбоносниот лист хартија од кој се очекуваше да ги оживее неговите надежи да трага и низ своите веќе одземени сиџили...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За набљудувачот тие придвижувања не изразуваат некакви веќе дадени разлики врз основа на идентитетот, туку допрва ги создаваат низ своето одвивање; за набљудувачот идентитетот не е даден, туку создаден; тој не се манифестира, туку искажува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Да го предадете сопствениот живот и сопствените надежи, плашливци од најлош вид.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Визуелни и непознати движења низ своите тајни тунели, од таму почнува се и не можете да го изневерите животот мора да му останете верни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Томо мислеше на промашената врска со Славица, а Рада низ своето сито ги просејуваше мислите од вечерта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под птицата – момче и девојче, на постела од лисја, низ своите движења запишуваат убав знак врз залезот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Боса кружи и низ својот од препишува врз песокот сѐ што ѝ шепти езерото: кога исчезнува народот во овој испустен манастир сите стебла есени умеат да се молат небаре монаси.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Си ги изми рацете и помина со влажните раце низ својата руса коса.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ги вршеше работите што мораа да се вршат, но како да одеше низ некој друг свет, не низ својата родна, сакана планина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И дури во таа тишина успеваш да помислиш дека низ своите маки, со своето страдање, и покрај тоа што од тебе направиле сенка урнатина, смогнуваш сили со презирот да ги наткрилиш своите мачители.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Строго погледна низ својот цвикер во нејасната кубистичка слика на ѕидот и скоро се стркала во столот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јасперсен, барајќи формулации кои ќе го протолкуваат воздејството што едно книжевно дело го врши врз нас низ својот основен материјал, низ јазикот, вели: „Тоа уште повеќе се однесува на оваа внатрешна убавина на јазикот која произлегува од изборот и распоредот на зборовите, од сета нивна сугестивност и способност да разбудуваат чувства.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Франција, со голема возбуда и со восхит го откри Луан Старова, исклучителниот романсиер, тешко сведлив на рангирања но, сепак, извонредно ситуиран во балканскиот свет успевајќи, низ својата поетска визија, да ни предочи силни искуства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
До овие идеи низ своето уметничко дело не доближил Исмаил Кадаре и затоа се во право книжевните критичари, кои откриваат јасни врски помеѓу овие двајца творци...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но мене тоа ми се случи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас сум Козак, а срамно е Козак да помине низ својот живот само на еден коњ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Последната генерација која успеа да мине непречено од Езерото низ реката, до морето и океанот, пред да се затвори реката, се врати низ своите потомци и запре пред вистински, нов балкански ѕид.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И се затскриваше со рака кутриот младич, и многупати стреперуваше подоцна низ својот живот, гледајќи колку многу во човекот има нечовечност, колку многу жестока грубост се крие во образованата друштвеност и, Боже! дури и кај оние луѓе што општеството ги смета за благородни и чесни...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го чувствуваше грмењето на моторот низ своите изнемоштени нозе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Секогаш кога светлината на логосот не била згасната маниристичкиот творец знаел дека човекот е аблем на бесконечниот и загадочен Бог... и го гледал тоа низ својот меланхолично-пресметан поглед. 234 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дали маниристот воопшто може да се спаси од демонскиот порив на постојано интензивирање сѐ до лудило, за еднаш себе си да може да се види во огледало, а не огледалото да го репродуцира во неговата самобендисаност и изворен грев, да го покаже ненашминкан? (...)
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)