низ (предл.) - мрачен (прид.)

Мајката Ервехе, како вистинска балканска – мајка храброст, со ќеркичката Дрита (Светлана), со светлина во прегратка која ќе ја води низ мрачните предели на војната, жива и здрава ќе стаса во последното спасено гнездо на семејството во Тирана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Тогаш да појдеме, - рече влечејќи ме низ мрачниот и со пајажина полн таван на домската зграда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го изоструваше и сетилото за гледање, за снаоѓање во темница, одејќи со раширени зеници низ мрачната соба и алкајќи со рацете пред себе за да не се удри во некој предмет и одејќи со меки чекори како мачка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)