И тие влегуваат низ истиот двор.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се разбираа длабоко во себе оти минувале низ исти маки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога тие функционираат (а тоа може да биде со години во обата случаја), обајцата поминуваат низ истите состојби под истите услови, и на обајцата можеш да се потпреш и систематично да ги интерпретираш како да собираат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој сугерира дека една програма бидува имплементирана (спротивно на псевдо-имплементирана) само под извесни услови и не поинаку, дури ако и „реалните” имплементирања и псевдо-имплементирањата поминуваат низ истите чекори, оперирајќи според истите правила, на истите влезови, произведувајќи исти излези.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Денес не недостасуваат такви проблеми, граѓанскиот законик пука по сите шевови, а кривичниот минува низ иста криза како и затворите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сакам да поминувам низ истиот пекол.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Сме родиле деца, сме домеле дом, сме се подналутувале, низ исти огнови и низ слични радости сме минале.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Не раскажувајте ми приказни, пробајте и тогаш ќе седнам да дебатирам со сите што поминуваат или поминале низ истото обележување.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Претседателе бесцелно е да поминуваме низ истото повторно, вие подобро и од мене знаете како се одвиваа работите.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
А кога ја виде во фармата кај Полин и кога ѝ викна: мац, - таа низ истата дупка низ која влегла во кафезот, излезе надвор, а по неа и сите мачки до една излегоа надвор: почнаа да трчаат по мачката од питропот Танаско и се распрснаа по сето село.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Влегов таму низ тесното вратиче што води кон измачувањата и излегов низ истото тесно вратиче зад кое останаа десетици и стотици кои не сакаа да погледнат кон вратичето низ кое излегов јас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пауза. По малку, низ истата врата низ која излегоа, влегува Милка.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Отсега ќе ми треба храброст
да одам без него низ истите предели
да се сеќавам и да барам низ јасникот
смрчки
не оние што тој ги ствараше за мене
но тие што јас ќе ги мирисам за него.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)