Директорот сакаше да каже нешто, но само лиги му потекоа низ дебелите образи и подгушници.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Оче Симеоне, кога тој човек би лежел на калдрма, ситен да ја сокрие под себе темната дамка што никогаш не личи на малинов сок, што би видел низ дебелите стакла?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гијом го чувале бабата и дедото, и секој ден ѝ пишувале.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ми се јави и рече дека во тестот има највисока... ммм... како се вика?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Едниот внук имал пет години и бил многу сладок.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таа е толку зашеметена од возбуда што само го гледа низ дебелите стакла, со нејзината полуотворена, месеста уста... и тогаш тој ѝ се приближува, полека како на срна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таа е толку фасцинирана од ова негово знаење што само го гледа низ дебелите стакла, со нејзината полуотворена, месеста уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таа го држеше клучот и низ дебелите стакла од очилата гледаше да не се сопне по скалите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)