Тежината на сопствениот крст Навлегувајќи во длабочината на сопственото битие, на подножјето на снежната планина тој го препозна кривулестиот пат, по кој што, во форма на шарена тенка змија, се нишаше, влечејќи се низ водената површина, долу покриена со магла, горе кон снежната планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Токму во оваа почетна точка на поаѓањето од Езерото на јагулите низ водениот дел на планетата, се роди големата таткова утописка замисла семејството да го следи патот на јагулите до Америка, при што беше претпоставено и враќањето преку потомците.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко и Игор Лозински остануваа сигурно единствените балкански утописти кои беа готови да го следат патот на јагулите низ водениот дел на планетата, поврзувајќи си ги и своите судбини.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)