Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
23. КОЛКУ ЗБОРОВИ КАЖЕ, ТОЛКУ И ЛАГИ ВРЗАЛ - си ја фрла мрежата за лов во матна бара и низ високиот шевар сѐ понатаму брза за што поголема лага, за што поголема пара...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Михали ни овозможи на нас двајцата, при едно враќање од Крушевње, во пченките, да го почувствуваме студенилото на пиштолот, а и пукотот што се раздроби низ високите дебели пченкини стебла нагроздени со тешки клипови активиран од нашите прсти.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)