низ (предл.) - болнички (прид.)

Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шетаме со Анастаса и Ѓера низ болничкиот парк крај морето, ја гледаме водата кај што се пени, кај што бучи и удира во брегот, а во мислите ни иде нашето езеро, своите луѓе, сето она што сме го оставиле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)