низ (предл.) - балкански (прид.)

Елен Лејбовиц го следеше патот на моето семејство во текот на еден век низ балканските граници бегајќи од војната.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
III ПИСМО ОД ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА ДО ЛУАН СТАРОВА, ПИШУВАНО ПО ЧИТАЊЕТО НА НЕГОВИОТ ЕПИСТОЛАРЕН РОМАН ПОТРАГА ПО ЕЛЕН ЛЕЈБОВИЦ Скопје, 28 март 2008 Драги Луан, Ти благодарам што ми го испрати ракописот на Твојот најнов роман, насловен со таинствена, небаре јунговска синтагма Потрага по Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но беше крајно љубопитен да ја дознае причината зошто Мајка не ги раздвоила овие знамиња од животот, носени низ балканскиот егзил заедно со Татковите книги. – По нашето патување во Италија, во каталогот на Ла Ринашенте, го чував италијанското знаменце што стоеше пред нас на вечерата кај грофот Чано...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)