низ (предл.) - шифра (имн.)

Се разделивме како стари другари со кои со години се разбиравме низ шифри, без да сме се гледале, разделени речиси засекогаш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Душан Симеуновиќ, тогашен началник на Шестата управа, одличен познавач на арапскиот јазик, но и на палестинското прашање, не штедеше убави зборови за мојата работа, дури ме замоли на крајот да му дозволам телеграмите од моите разговори со Јасер Арафат кои ги сметаше за значајни за проучување на палестинското движење да ги користи за своите студии кои ги објавуваше во тогашна Меѓународна политика.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)