низ (предл.) - чанта (имн.)

Таа тоа не може да го поднесе, како што не поднесува некој да ѝ буричка низ чантата, или пак да ѝ фаќа нешто од работната маса кога машината за пишување ѝ е отворена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Докторот рошкајќи низ чантата му рече: „Мачнините од јавето се селат во сонот...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа рошка низ чантата, вади прибор и се шминка; Богдан ѝ го гледа повремено лицето на стаклото од прозорецот и осеќа во носот силни мириси што се сменуваат или се мешаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)