Во една прилика шетајќи низ градот тој се скамени: одеднаш здогледа две суштества, по душа налик на него.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие одеа право низ улицата, едно крај друго, и тој ги издвои среде вообичаената врева по мртвиот поглед и, посебно, по рамнодушните движења.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од секаде низ улиците се пробиваа кози и луѓе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми се движеше како видра, леташе низ улицата, барајќи го бројот. Читаше на домофоните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Истовремено, се случија и многу други значајни работи. шетајќи низ улиците открив еден UFO, се сеќавам дека со мене тогаш беа само Давид и Паул, но подоцна Давид во едно свое писмо ми напиша дека таму било целото негово семејство - неговата жена Ruth и неговите четири деца, а покрај нив и Ackerman, Musicmaster, Tim Harvey, Yanagi, Rhoda Mappo, Cavel lini, Andy Warhol и уште цел еден куп луѓе - целиот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Прошетав парадно низ улицата на брегот, а од сите страни ни се обраќаат луѓе, говорејќи неправилно на некој од нашите јазици.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Отпрвин само некои, оние помалку важните, за наскоро да почне да кружи во автомобил со офицерите на тајната служба низ улиците на Сантиаго во лов на илегалните соработници на чилеанската левица.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Ура! Ура!“ Се слуша низ улиците) Ете, борбата започна.. .
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
* Се спуштаат низ улицата бронзена, како некоја кралска поворка составена само од кралеви. Кревајќи облак звуци нечуени, метејќи ја прашината мисловна.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Се спуштаат низ улицата покриена со цвеќе.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Се спуштаат низ улицата позлатена – силночекорно, одлучно, освојувачки.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ги гледам како врват низ улицата кристална и сакам да им се придружам но милионскорачниот аудиториум ме фаќа за гуша и ме поттурнува во една споредна улица, во оној каллив сокак - ќорсокак.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Гајле ми е што е... Јас безделничам низ улиците, планините и гнасотиите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се сврте лево-десно, да види дали некој не го гледа, - па повторно истрча пред портите, весело си засвирка и се стрчна удолу низ улицата, од каде доаѓаа весели детски викови...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Потем отидоа пред куќата на Павел Земанек; извикуваа гадости за татко му, велеа дека бил предавник кој го напуштил родот, го оставил семејството, и дека на син му, Земанек, ќе му ги пребојадисаат јајцата, поколението негово; и потем исчезнаа, со некоја новокомпонирана народна песна низ улицата, кон некоја нова адреса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ете ти, знаеш, гласно се издиши и држајќи го со една рака празниот лонец отрча низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Жителите, раздвижени секој по своите поставени цели, се лелееја низ улиците, опстрелувани со тукушто стемнетиот поглед на мракот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сепак, може да се насети замаената, влажникава магла од течни јадења што се прелева низ улицата како благ рев на припитомено куче. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се слуша, толпата се распрснува низ улиците, барајќи засолниште.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Колку и да го обновуваме возниот парк со канти од Германија, и денес низ улиците на бившата југословенска република Македонија, често се гледа југо.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Излегуваш надвор за да провериш, кинисваш низ улица и некој со тегет трака на реверу ти објаснува, дека не можиш да поминиш по твојата вообичаена маршрута. - Зошто бе? - Како бе зошто?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Одеше низ виулицата, што свиреше низ улиците, со широко отворена уста, губејќи ги под нозете тротоарите; ветрот, според петербуршки обичај, дуваше во него од сите четири страни, од сите попречни улички.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Толкава сила некогаш може да има соодветен прекор!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Почесто почнаа да поминуваат пешаци, можеа да се сретнат и дами, убаво облечени, се појавуваа и мажи со даброви јаки, поретко се сретнуваа прости кочијаши со своите решеткасти санки, украсени со позлатени шајчиња, наспроти тоа сè почесто се појавуваа кочијаши со пурпурни сомотски шапки, со лакирани санки, со покривки од мечјо крзно, а уште низ улицата пролетуваа, чкрипејќи силно со тркалата по замрзнатиот снег, кочии со накитени кочијашки седишта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Често се шетав низ улиците на Руан.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Додека бев кај нас затворен на Голи Оток, колку ли пати во сон минував низ улицата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потече низ улиците нејасно шумолење на човечки гласови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Низ улицата бавно минуваше долга колона камиони, со стражари со безизразни лица, вооружени со автомати и исправени во секој агол.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговите подвизи постепено беа поместувани назад во времето, сѐ додека не допреа до чудесните четириесетти и триесетти години, во кои капиталистите, со нивните необични цилиндрични шапки сѐ уште се возеа низ улиците на Лондон во големи блескави автомобили или во коњски запреги со стаклени врати.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веста проструи низ улиците како магија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никој не минуваше низ улицата. – Не зборувај повеќе за грофот Чано!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Халт, механички повторуваше во себе и со страшен напор пак се нишаше низ улицата корнејќи ја со грч последната капка сила од себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Татнежот потече низ улицата како несопирлив порој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Слатко овчо млеко! Низ улиците одеше дете млекарче и викаше. За огламник водеше сиво коњче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ќе ве оставам боси, голи и без уши, па трчајте така низ улици!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
И ќе заминеше низ улицата, нема да оди со хеликоптер ниту со автомобил или автобус, ќе оди пеш, со униформата сокриена во куферчето што го носи на рамо; не сакаше никој да помисли дека е вообразен затоа што е Ракетар.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Полициската кола тргна по празните авении, осветлувајќи ја со своето светло есенската измаглина што се распростираше низ улиците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Автомобилот се движеше низ улицата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Гласовите почнаа да пеат заедно за родендените, а звуците на тие гласови се протегаа низ прозорецот и полека исчезнуваа низ улиците на мртвиот град. 48
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ја подигам главата од перницата. Далеку, долу низ улицата, приоѓаат сѐ поблиску и поблиску, елегантно, брзо, забрзано --чекори.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се пласти белината врз стапките, а низ улиците затреперува мирис на млади загреани тела.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Минуваше низ улиците со слабокрвни дрвореди како низ куп промашени разгледници.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се отргна, додека од очите му избиваше ужас и побегна низ улицата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Седејќи на простирка, или бесцелно шетајќи низ улиците, тој постојано играше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Последен пример на оцрнување што јас сум го видел е во филмот Врана (првиот гранџ филм, ми се чини).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Изнервираните шизофреничари трчаат низ улиците и со разбиени гласови нечовечки вриштат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еден од лошите типови, во потера по главниот јунак, граба едно Југо (!) на улица и со еден заглушувачки звук јури низ улиците.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во секој странски или домашен филм може да се види, помалку-повеќе, некоја позната или “од-сега-ќе- биде-позната” марка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Деновите да поминуваат праволиниски, одејќи низ улиците со поглед кој се губи некаде низ просторот и мисла која ќе се скрие далеку во времето и никој нема да ме праша: - „Зошто ја скрши и последната чаша надеж?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Не треба, се разбира, да се фрлаат динамитни бомби, и тоа низ улиците на еден многу населен град, но кој е нагазен, тој се брани како што може.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)