Но низ темнината што го обвиткуваше, слушна нов метален звук и знаеше дека вратата на кафезот се затвори, не се отвори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пепел шом сум - таа пропејува, Низ ноќта, низ темнината Со гласот на тишината Пепел ли сум, пепелта пропејува И благ повеј провејува Сличен на гласот на светлината.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Господ ја замеси глината И Големата Мајка ја обликува Да му го чува родот и виделината, Да го води низ мракот, низ темнината.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Синоќешната возбуда што се натрупа во него кога низ темнината и виулицата се враќаше од кај дедо Иван, не го ослободи цела ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се втурна меѓу нивното подмолно режење и накостресени влакна, и тие изненадени квичејќи се распрснаа низ темнината.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ама пишано било за тој ден само една умирачка... било пишано - еден гроб - а над него две души камносани да пиштат низ темнината...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ако дојдат, ќе треба долго да се качуваат низ темнината, покрај чуварите на Дог, а дури ни јас не личам многу на Еди Бакс сега.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Чекорев низ мракот на ноќта, но истовремено и низ темнината на сеќавањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тогаш вујна Клементина ѝ ја кажуваше италијанската лаичка поговорка според која „за да се спаси главата, треба да се најде патот кој води низ темнините!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го прифати патот на судбината, за да мине низ темнината, со светлината што ја носеше во својата душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)