Кога нивните желби, квалитети, намери и верувања ќе бидат доволно елаборирани низ текстот, тие ќе се обединат во “определувања” кои го детерминираат посебните правци во животот - “животните стилови”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со четвртото продолжение го завршуваме 133МАНИ големиот тематски блок за Маниризмот, главно согледан низ текстовите на еден од најголемите светски авторитети за овој период на уметноста, РИЗАМ Густав Рене Хок.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во ова ниво доминираат перцепциите, мислите, спекулациите, реализациите и заклучоците, и многу од нив се во однос со: (а) определувањето на желбите и на склоностите на ликовите, (б) идентификацијата на нивните лични квалитети и на карактеристиките на нивните односи (в) појаснувањето на нивните намери - на пример, нивните мотиви и нивната цел - и (г) определувањето на вредностите и верувањата на ликовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И потем фати угоре по карпата, низ текстот, низ сочинението, оти освојувањето на сочинението е качување по гора, освојување на врв најизвишен, врвен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)