низ (предл.) - сенка (имн.)

И пак одев; не ги заобиколував луѓето туку минував низ нив како низ воздух, како низ сенки, зашто мислев на него и зашто тие не постоеја за мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Јас сум задоволна иако те видов за прв пат низ сенките на чадот, во кој селото догоруваше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Додека шетам по Пасажот опседната сум од помислата дека поминувам низ сенките на луѓето што ми беа многу блиски а едно утро наеднаш исчезнаа, ги снема.. Мислам на моите Евреи..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби тоа е полесниот начин да се помине низ сенките од минатото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)