низ (предл.) - разговор (имн.)

Значи тоа е антропологијата, антрополошкиот и хуманистичкиот егзистенцијализам којашто Бојсовиот опус го разлучува од јазикот на бивствувањето, или анализите на јазикот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека немаше директно учење туку размена со другите мислители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу нешта му доаѓаа низ разговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ме водеше низ разговорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакаше Томо да го процени низ разговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби требало да биде построг?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не има тој грешено што бил секогаш толку полн со разбирање за нас, се трудел да не нѝ забранува и да не нè казнува, туку сè да се решава низ разговор?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не се решава сѐ со казни. Треба повеќе да се разговара, низ разговор да се расчистуваат проблемите, - го советуваше со тивок глас, за ние да не можеме да чуеме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас сакав да му речам дека знам дека и во Париз веќе не ги лечат пациентите онака како што тој кажуваше, дека токму методите за кои децении пред тоа во Салптертијер ги вовел доктор Пинел сега тој самиот ги проповеда овде, ама сепак молчев и го слушав: “Кај нас ги лечиме пациентите низ разговор – со цел да дојдеме до тоа што ги измачува, разговараме со нив за она за што сакаат да зборуваат – тоа се, секако, будалаштини, ама на крајот од сите будалаштини ќе дојдат и до некои умни сознанија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав сама со моите родители, сама со себе, и повеќе немаше со кого да ја поделам мојата болка ниту во просторот на собата, затоа што низ разговор со моите најблиски никогаш не ја делев мачнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не велам сите, но некои од нив ќе ја имаат среќата да се вратат во нормалноста.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легнав на креветот, ја свртев главата кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)