низ (предл.) - оган (имн.)

Беше тоа една речиси безимена човечка протоплазма која се поместуваше низ оган и крв од Исток кон Запад, но оставајќи големи траги и врз источната и западната цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пепелта ја чува невиноста само во она што не е начнато од подмолни нагризи налик на црвојадина.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Зарем заборави: газевме низ огнот за да го достигнеме совршенството до кое малкумина некогаш стигнале.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Целата рамнина меѓу двете езера и се до Пероо беше преполнета со луѓе, кои избезумени се пробиваа низ огнот, трчаа биени од воздух.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Огнот во нас - постар од сите огнови донесени од небото, добро знае дека болното тело оживува низ огнот кој ништи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во овој период, МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, низ еден блесок согледа како нејзините концепти можат да предизвикаат промени во светот низ оган, чад и крв.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)