низ (предл.) - насмевка (имн.)

Ивона покривајќи го со наметката извадена од плакарот, низ насмевка тивко рече: „И големите паѓаат ако не направат стратегија на своето однесување и постапки“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еднаш, кога се крена нејасна врева против младиот директор на фабриката за женска конфекција Нетковски, кој во многу модели храбро го истакнуваше разголувањето, таа низ насмевка забележа: „А што очекувавте вие?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислевте дека кај плодовите на овошките најпрвин корупката ќе се развие а дури потоа таа корупка се исполнува со сокови?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И таму се празнува последниот ден на Сукот.  „Не те разбирам“, му вели Нина низ насмевка.  „Ништо не научивме од минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Тоа, тоа! – Измрморија Ескимките низ насмевка до уши.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Никој не ве обвинува за ништо. Зарем е потребно обвинение за да ве уапсиме?“, му објаснија низ насмевка. * Запис пронајден во запалка
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Маци јадеше нешто во кујната кога решив да почнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ако де, пробај, - ми рече повторно Дино и ми намигна низ насмевка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)