низ (предл.) - лозје (имн.)

Како сега да го гледам кај си шурка низ лозјево, кус, одвај капата му се гледа оддалеку.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Правецот на движењето ќе биде: низ лозјата, врбјакот, па низ потокот - в грб!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оди низ лозје чоекот и мавни со мотиката наземи да обиди али се копа; арно ама поарно камено се копал од лозјето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Продолжија преку трупа низ лозја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неопишана радост ги опфати забитот и Аџи Јанета кога го забележаа каналот како се вие низ лозјата, и ледината како зелена порачка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)