низ (предл.) - лице (имн.)

Понекогаш, кога мајка му прмногу инсистирала, ќе забележела солзи низ лицето на молчаливиот син.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Камења на опсади, камења на поети, библиски камења, камења на острови (и други камења) фрчат низ скалите, низ парковите, низ лицата на потомството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Помеѓу некои песни солза � се провлекуваше низ лицето додека се обидуваше да ја пушти лентата. (...) Во центарот, во Вилиџ театарот, кој подоцна стана Филмур Ист, д-р Тим Лири во текот на целиот септември работеше претстави - кои се викаа Celebrations - for the League for Spiritual Discovery - ЛСД.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше многу тажно да се гледа оваа висока, преубава жена како пее покрај музика што доаѓа од мало касетофонче.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се стркала солзата низ лицето удолу, па искапе врз згрчените раце на Нисе...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека течеше овој разговор солзи се слеваа низ лицето на Рада, истовремено полнејќи го срцето на злобната Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По неколкуминутна кондензација во еден од помалите облаци, почна да тече. 20 години се слеваа низ лицето на Џони а тој стоеше мокар со отворена уста кон небото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Солзи се сливаа низ лицето на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека ги слушав овие зборови, низ лицето, несетум ми потекоа неколку солзи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Што дека маска секој има, и црно се разлева низ лице.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Солени капки пот им течеа од челата и се слеваа низ лицето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Низ лицето на Игора Лозински се истркалаа и неколку солзи. Повторно надвладеа тишината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неколку солзи му се истркалаа низ лицето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)