Веднаш се симнав и отрчав на Јужната порта, да видам дали е добро затворена, а потоа го ѕиркав низ клучалката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Што мислиш, што е најновото што им го дадоа таму? Инка за уши, за да прислушкуваат низ клучалките.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се сети: кога во Нојовиот ковчег ќе заспијат и глувците, возможно е низ клучалка да се повлече и двогрба камила - и освен тоа, тие мислеа со неговиот мозок, беа негови медиуми, затоа повторуваа дека неговата соба е поголема од нивната.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зареве борејќи се само со раменици и со глава. Врело и несопирливо, како метална жица, неговиот глас се проби низ клучалките на катот и се забуцна во напрегнатиот слух на станарите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еден ден го најдов Анастаса кај кабината во која имаше жени: клечеше надвор, гледаше низ клучалката внатре и плачеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
И имајќи го предвид заклучоков, произлегуваше дека моето ѕиркање низ клучалката сепак било непромислено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и да се случеше Катерина да сврати во оној дел од собата што беше видлив јас и тогаш не ќе можев ништо да сторам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе влезат во вештина на чад и низ клучалката доколку не им отворам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)