Луѓето тромо се движеа низ калта, а гласовите нивни како да идеа отстрана, некаде подалеку од нив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А Трифун и Сотирчо шлапкаат низ калта, одвртуваат од растоварените работи, се загледуваат зад секоја вреќа и бовча, ама никако да го заушат својот татко.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Над Живојно им беше пунктот и - ајде, ајде, надолу низ калта, низ полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Коњот си го знаеше патот; дури можеше да оди и со врзани очи, зашто со години истите патишта ги врвеше тропајќи со копитата по камењата, цапајќи низ калта или прескакајќи ги браздите и трапчињата, запирајќи крај изворчињата да се напие вода.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)