низ (предл.) - езеро (имн.)

Ами сега?! - Ќе те кренам на раце, Ѕвездо моја - Денице, и ќе те носам низ Езерото ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Најпосле, Татко утврди дека најдобро е да се мине границата низ Езерото, со нашиот чун кој беше закотвен тука, веднаш до брегот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така тоа постепено се претвора во лебед, подготвен да плови низ езерото. * * * Мислам дека секој на овој свет има една мала светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, овие води, со нивните бранови силно повикуваа да се следи нивниот тек, да се патува со нив низ Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
СЕНКАТА НА СИНООКИОТ МЛАДИЧ Секоја квечерина таа доаѓаше на прошетка покрај езерото и детето дури си играше во песокот таа застануваше и гледаше нејзината сенка и сенката на борот заедно како влегуваат и шетаат низ езерото.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Последен повик, јунаци мои за патување со чунот низ Езерото! - извика побратимот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко добро ги беше замислил и разработил обете варијанти и, на крајот, сепак се одлучи за бегство низ Езерото, ноќе, кога граничните стражи од обата брега се помалку внимателни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)