Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота:
„Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еве ги, навалуваат... се растрчале низ дуќанот, врие доле на скалите...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој ми се обраќаше како на еден од многубројните муштерии што секојдневно минуваа низ дуќанот. – Донесов часовник на поправка – се заплеткував – од татко ми е . . . од матурата . . . многу драг спомен . . .
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ги примам сите удари како што доаѓаат...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Ја, ја, не бу ѓурултија?“ се исчуди кадијата и подаде глава низ дуќанот на мајстор Јосиф. „Бин јаша муслиманд'р!“ викаа некои однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ме тераат во собата одоздола...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)