низ (предл.) - дрво (имн.)

Кога се раздени, му рече: „Ќе кажам дома дека сум била кај некоја другарка.“ „Ти си златна девојка“, се протегна милувајќи и го челото и благословувајќи го нејзниниот грев златен како раното сонце што проби низ дрвјата, како реката под утрена наметка. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оската заглавена мисли на неизвесниот пат низ дрвјата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Студениот ветер зафуче низ дрвјата и преку редениците и униформата како да го прободе право во срцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Задлабочен во мислите, не ни видел кога снегот престанал да паѓа, а месечината испливала однекаде меѓу гранките – полна и бледа од ноќниот студ, како неонска топка, таа висеше ниско над неговата глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неизгазена од човечка нога, таа се простираше пред него како сребрена нишка од снег што светкаше низ дрвјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Трчавме како да нè гонат илјада здивени кучиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мајко моја, колку е темно и страшно! – викна Мила кога навлеговме низ дрвјата од паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поднаведнат маж, влече плодови во мрежата По плодовите газат на Елена нозете боси А низ дрвото лозата девојчински нежна го врзува времето со ластарите и кон радоста ползи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навечер, кога сенките на дрвјата ќе се згуснеа, кога зеленилото ќе потемнеше, и проодите низ дрвјата ќе ги затвореше, тогаш логорскиот оган, силејќи се да се крене што повисоко, ги голташе сувите ветки и фрлаше светли снопови растргнувајќи го мракот што понастрана од логорот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)