низ (предл.) - двор (имн.)

Како и секојпат, така и четвртото утро, раното стариот бег излезе да прошета низ дворот и да ја растера маката од старата душа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој помисли: „Чие е ова писмо? - Кој го фрлил во дворот? Сигурно е фрлено преку ѕидот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Навистина, тие денови имав некои посети за кои би се рекло дека беа вистински посети, не просто поминување- заминување крај дворот или низ дворот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие не обрнуваат преголемо внимание на подарокот, се бркаат низ дворот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- „Да, не го гледам јас дека цел ден кошка топка низ двор”, рече воспитачот, иако беше права забелешката на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се растрчува низ дворот и колне ли колне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но одненадеж некој му се качи на Васета, а мене ме завлечкаа низ дворот, па дрпаа ли дрпаат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Минавме низ дворот, излеговме на патот, свртевме надолу кон потокот и застанавме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се раѕверија низ дворот и летнаа по кравата и телето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот врз стеблото на сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас ќе појда до Ѓурѓа наша за еден час. — и излезе низ дворот Толе токму беше удрил на дедот Волчета Мијов, дедо му на Најда, бидејќи Најдовица му беше ќерка на Волчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Чичо Никола одеше на лов. Тој зачекори низ дворот огледувајќи се наоколу, да види дали го гледаат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Така ќе направам, си реков, и почнав да се шугалам и да се вртам да видам низ дворот каде да го најдам тоа што ми треба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ќе му се качеше ушка и удирајќи го со палците в слабина го бодинаше низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И му заповедаше Ајде сега, Божано, покажи како се бели и како се пудри млада невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Приближувањето на зајдисонцето секогаш ги поттикнуваше пилињата на поголема активност и сега се туркаа и се плеткаа низ дворот, некои од нив пееја како селанките додека работат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа успеа да стане чувар на куќата во која тој беше роден и го чуваше стариот гуштер во бавчата, кој имаше обичај да си го влече огромното тело низ дворот и крај пчеларникот, или со часови да лежи на сонце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Арогантно чекореа низ дворот, замавнувајќи со светликавите крилја како да се окуражуваа за тепачка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забрзани чекори го затетеравија низ дворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многубројни чекори се разнесуваа низ дворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Надвор, низ дворот се накашлува татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
”, тој излета надвор, јурна низ дворот и гробиштата и фати некаде, избега.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во топлите денови од камењата собрани на куп во дворот излегуваше голем смок, лазеше претпазливо низ дворот, гледаше на сите страни со крената глава за да не го изненади нешто и одеше право кон готварникот; доаѓаше до вратата, се вслушнуваше дали има некој внатре, се провираше низ цепот, се искачуваше по ѕидот и се свиткуваше да лежи над огништето каде што беше најтопло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше ѝ досадило насекаде да гледа риби, по кујната, низ дворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако се збогува со својата сопатничка, Марија сакаше да ја врати прекривката, но жената ѝ рече да си ја покрие главата додека поминува низ дворот и да ѝ ја врати на влезот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Автобусот тргна и не ѝ дозволи да каже уште нешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како слепи, како земени потоа кој каде му гледаа очите тргнавме низ дворот, низ спалните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно некој го видел како се мушка низ дворот, му го пронашол скривалиштето, деноноќно го демнел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го гледа Којо Пипиле растрчувајќи со кучето низ дворот и му вика преку плотот: ”Ист си како дедо ти Аврам...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сум минала низ дворот наш. Мириса босилек и џунџуле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Додека попот молитвуваше за доброто дело што го направија Цветко и жена му, некои од луѓето шетаа низ дворот, вртеа околу оградата, ја загледуваа од сите страни и на одредени места наоѓаа мани дека не е како што треба изградена, дека можела подобра да биде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ќе врвеше низ дворот, или кога ќе одеше по патот во полето на работа, ја гмечеше бесно секоја бубачка што ќе ѝ излезеше пред нозете.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се вознемирија и кокошките и почнаа да прелетуваат низ дворовите, плотовите, да грачат; започнаа од земјата, од дупчињата и пукнатинките, да излегуваат бубачки секакви гадинки и да растрчуваат вознемирено наваму-натаму како да ги брка некој, како пред оган.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оруш креваше на шишето, тргаше од ракијата, вртеше низ дворот околу ископаните темели на куќата, и лут беше како ѕвер во кафез, дувајќи низ носот му рече на Танета кој одеше по него: - Ти прави што сакаш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некогаш минуваше низ дворовите каде што луѓето го вадеа ѓубрето од добитокот, добиваше миризба на камфор, на шпирт и штипкаше во носот и очите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Постоја Илко вслушнувајќи се да чуе дали низ дворот тропкаат стапки, а потоа кога гласот не се јави, викна повторно: - Јас сум...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога го слегоа и минаа низ дворот, кучето (што остана живо од ”кучеубијците” благодарение на Богуле што го скри в шума) пак излета од куќичката, но овој пат не залаа на Илко како порано, туку немо гледаше во ковчегот и луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа желба за скитање се виде кај него уште кога беше малечок, кога ги правеше првите чекори, првото заодување, кога по старите обичаи, при преминување на прагот од куќата за да зашета низ дворот - му ставија разни предмети пред него: чеканче, мистрија, пила, секирче, книга, оглав, стап и други работи за да земе нешто в рака при преминувањето на прагот - за да се види што ќе го влечи во животот кога ќе порасте, на што ќе се определи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само испратете ме низ споредниот влез, низ дворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија разодуваше наваму-натаму низ дворот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Ајде биро брееееј! — си рече тој сам, шетајќи се горедолу низ дворот. — Работата тргна за напред.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Токмо така — сокле! Сега су сокле", — си велеше тој, скакајќи од радост низ дворот од сестра си со големиот стап, на кој го носат пералникот со сливи до казарницата кога варат ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бонети, гледајќи низ прозорецот каде што бега Цара низ дворот, пламна луто, го грабна ножот од масата и го зари во гајдата од Веско, ја прободе; од неа шикна виното како крв стркајќи на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога отец Иларион излезе и ја заклучи вратата, Бонети се разврте со очите низ дворот, и откако се увери дека нема никој, отиде кај ќелијата, се наведна и го залепи окото на клучалката; ја виде Смилјанка легната на постелата гола; осветлена од прозорчето прилегаше на бел цвет врз темна вода; ги држеше расплетените коси на градите и ги виткаше на прстите; над неа во камарата стоеше иконата на св.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој седеше зад дворната врата држејќи го коњот за уздата и ја меркаше со очите, ја впиваше со погледот додека таа врвеше низ дворот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека низ дворот растрчува ангелот бос Сакам да ти втиснам на челото белег.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Утредента, на пладне, кога се врати од град, реши да помине низ дворот да види дали болното куче уште е тука.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој во продавницата не отишол од предната страна туку одозгора, низ дворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хм, си пристори и се сети дека одамна не поминал низ дворот да зачисти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кај што имаше добиток ќе ку го вјаеше вампирот и ќе му шеташе со него низ дворовите.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Затоа цели два дена се врткаше низ дворот држејќи ја портата отворена ширум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Внимателно излезе од одајата, слезе по скалите уште повнимателно и низ дворот молкома се приближи до портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Но одненадеж некој му се качи на Васета, а мене ме завлечкаа низ дворот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Врти низ дворот од сосодот Лешо, врти крај оградата, се обидува да влезе во нашиот двор, но не може.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот до стеблото од сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се оттргнува од неа и си заигрува низ дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)