низ (предл.) - дамар (имн.)

Како што колената не ги снемува, како што корените корен раѓаат, како што сојот не умира, така и лошото живее во клетвата народна што постојано се пренесува низ дамарите во народното паметење и како поука и како предупредување... ќе не колне нас народот, ќе нѐ колне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По нив загната сурија со стапови и деца и војници, нит деца нит војници, викаат, се ѕверат најѕверно, ги саскаат кучињата отпаднати од редот за пцукање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ме фаќа страв, ми татара снагата и колениците, црмнуваат струи низ дамарите и не ме стигнува прашањето што го насетувам: Зошто сме олку сами!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)