Ѓорѓиевски е член на синдикатот, а како што ќе ви- диме подолу, тој е и активен учесник во синдикалните активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Комплетното финансиско работење е под контрола на матичната Топлификација од Скопје а битолските директори само ги извршуваат налозите и немаат никаква автономија, ниту пак можност од изготвување на сопствени буџетски политики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битен дел од приказната на Ѓорѓиевски е и процесот на сопственичката трансформација на фабриката низ годините – нешто 87 после што многу работи од значење за вработените се променуваат на полошо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лозановски истакнува дека, низ годините, голем дел од парите на битолската топлификација беа „испумпувани“ од страна на директорите на „Топлификација“ АД – Скопје, а во подоцнежниот период во битолската топлификација речиси и воопшто да не се инвестираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И сега овде во Маказар, и порано низ годините, сум сетил, дека секој обид за чист план ми се извлекува и, дури кога сум се обидувал да го составам, и дури и кога сум го составил, тој често се уривал под наполно непредвидени околности.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Забележав дека и оние неколцина со кои низ годините кога сум идел тука, во Маказар, сум имал најубави односи, некоја ако не голема блискост, а секако срдечност, не ме побаруваа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но, зошто јас не го подзапрев низ годиниве?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По сѐ што слушнав оттаму и според сѐ што искусив низ годините и што насетував за иднината, кај мене, можеби неправедно и пребрзано, се создаде расположение да верувам дека луѓето меѓу себе, и секој со секого, е во недоразбирање и дека заради тоа, на овој или на оној начин, на крајот, секој секогаш е во загуба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа нива подоцна низ годините, напуштена од татка, заради печалба во Мелбурн, почна да се смалува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа дете, подоцна низ годините, ги виде по целата земја кулите и градовите, ги виде и островите со заливите и пеперутките, само скриеното си остана скриено, и тајното си остана тајно или само наѕрено, мигум насетено.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Поради тоа што волјата никогаш не му беше силна, а карактерот, како што низ годините од него се бараше сè поголема послушност кон сè побројните авторитети, му стануваше сè покревок.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе те именувам бидејќи ги именуваме соништата и оној гибелен лет на ветрот тој злочест двојник твој, па биди името на летот негов на сѐ што кратко трае а сепак низ годините што допре и до нас…
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Чекорев по патека што дивечот ја длабел по слабините на Осогово низ години, низ векови, додека бегал од камењата, од стрелите, од оловото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дополнително со ова ново „право“ на работниците индиректно се сака да се влијае за што подоцнежно нивно заминување во пензија, како уште едно „олеснување“ на загрозената самоодржливост на инсолвентните социјални фондови и да се продолжи уплаќањето на придонесите од задолжително социјално осигурување, наместо овие средства работниците да ги добиваат како пензија за својот труд низ годините.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сѐ што сум мислел низ годините, тајно, од страв од Лествичникот, сега излегуваше од устата на Филозофот; како мојата душа да говореше со неговата уста, како да се служеше со јазикот негов.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Се гледа сето она што го знаеш, што си го прочитала и научила низ годиниве, но каде се чувствата, каде е она што нè прави хумани, како автори и како луѓе?“, продолжи тој со љубезен, но крајно неподмитлив тон.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Но, се гледа дека чекориме низ годините на нашата средовечност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
О, Боже Господе! И ова да ти биде најсреќниот и најтоплиот момент кој со зборови не се опишува, по кој следи средбата со човечето кое потаму низ годините ќе биде најважното нешто во животот ваш, дојден на најтешкиот и најболен начин на светот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Течејќи од изворчето низ годините Водата откина од Огнот мали пламенчиња и стана многу весело, патот на Водата светеше од двете страни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се менуваат работите низ годините, ама има и такви кои секогаш остануваат непроменети.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Некоја евтина научна фантастика или полусајберпанк, колку што се сеќава: Проект на парк од соништа, да го наречеме, од каде што и понатаму низ годините до него допираат одломки: Алура, нивната привлечна придружничка низ пештерите, го повлече Фред за ракав и рече: „Сега морате да заминете!“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И песокот во светлината што замираше имаше боја на растопен бакар во кој сега беше врежана пораката што секој човек од секое време може да ја прочита и вкуси низ годините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Ако го возиш твојот уницикл помеѓу годините, внимателно одржувајќи ја рамнотежата со рацете подигнати горе, и ако управуваш низ годините, минувајќи една седмица во 1909, еден ден во 1900, еден месец или ноќ некаде другаде, 1905, 1898, би можел да го додржиш летото до крајот на својот живот.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Низ животот, низ годините, душата да ни остане чиста, да ја разбереме тајната на Бог и надежта дека еден ден сите страдања ќе завршат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Срцето ти го застрелуваа со нишани линии чудни лузни и тајнописи од писмото на Тиберинската азбука, Ги видов низ годините на столетието сите нови страници на месечината кои се осветлуваа како таен знак историја и мртво копје.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)