Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Знаеш што? Ќе измислам сон во кој ќе минуваме низ вселената.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Крц, крц! - и еве сум горе, со својата сенка под рано излезеното сонце; да не беше превисоко, ќе го прегрнев.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дома доживуваме научнофантастична инвазија: Вселенскиот брод се сместува во дневната соба и се наметнува чувството дека се наоѓате на виртуелно патување низ вселената.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Стануваш метеор или планетоид што патува засекогаш низ вселената.” Ништо не реков.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кој денес сака да чита луди фантазирања за свет, во којшто луѓето влегуваат во вселенски бродови како во конзерви и шибаат низ вселената, за да пристигнат на Месечината, каде што ги пречекуваат шестоглави суштества со боја на аметист, што блујат оган?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)