низ (предл.) - сиот (зам.)

Во мислите, минав низ сиот негов работен век, поттикнат од последните зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој Ѕид се вовира низ сиот Берлин, и таму каде што овој град треба да добие нова физиономија, тој е опашан со полиња, со ѕидови, со мрежи, со стражарници, на кои Германците свикнале, како што велеше еден берлинчанец...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама - густи маслинови гори и уште погуста борова шума, чија миризба на смола се шири низ сето ова пространство и нè следи и потаму од Касандра.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше како младич низ сиот свој живот, како мој врсник. А замина толку брзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На снимката се забавуваат последните чекори на тркачите пред целта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вака раскажуваше баба ми Катарина: Првин се разлајаа кучињата во долниот крај на селото, покрај патот што од крајните куќи излегуваше кон полето, а потоа лаежот како бран се засили низ сето село.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Килимите ги продаваат низ сиот свет, којзнае кој и на каков начин ќе ги користи, а нашите ткајачи остануваат во своите ткајачници и ниту го познаваат светот, ниту пак тој знае дека постојат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги фрли војничките алишта и започна повторно да трча и да опкршува околу езерото и селото, да го исполнува просторот со својот вик, да допира и да милува секое дрвце, секој камен; со денови опкршуваше низ сиот овој простор, низ сиве овие места на кои не можеше да им се изнарадува, да се опсити; пак заличи на дете што започнало првите чекори да ги прави на кое сиот свет му е мал; го вдишуваше мирисот на дрвјата, го гледаше синото небо кренато високо и исчистено од сите барути и пукоти; го гледаше езерото што како зоврено млеко се креваше и разлеваше пена на брегот; го слушаше црцорењето на птиците што ја населуваа шумата, трчаше по пеперутките, легнуваше во тревјето и пак стануваше, настојувајќи што побргу да го заборави она што му мина преку главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А Таша, (од сите наши разговори го понесував тој впечаток), Таша го почитуваше Ѓурчин и понатаму! Веројатно со причина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Разочараноста од ваквите случувања и најблиските пријатели ги престорува туѓинци, и тие понатаму, низ сиот свој живот се однесуваат како непознати па дури и како непријатели!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чудесна свежина ми мина низ сето тело.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Трипати - УРА!“ командуваше Љупчо. “Ура! Ура! Ура-а-а!“ дружно извикаа другарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Срипав накај прозорецот и погледнав: долу стоеја сите - Љупчо, Влатко, Дејко и Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некаква блажна топлина ми се разлеа низ сето тело.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)