наспроти (предл.) - негов (прид.)

Ова се прави со покажување како текстот, наспроти неговите експлицитни тврдења, имплицитно покажува дека не-p е позначајниот И пофундаменталниот член на парот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постои простор помеѓу нив во кој се протегаат некои нови концепти, кои И го обединуваат И го раздвојуваат парот, но кои не можат еден на друг да се редуцираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првото е да се пресврти привилегирањето, да се направи не-p доминантен член на парот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога аргументите на Searle би биле коректни, би следело дека е сериозна грешка користењето на интроспективна перспектива на централниот процесор, наспроти неговата интуитивна снага.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој факт, наспроти неговата евтина содржина, го правеше да изгледа безмалку волшебно...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За Леон Голдблум, наспроти неговите предци, религијата и религиозните ритуали немаа место во неговиот дом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ додека по две години, во јануари 1940, Комитетот во Тел Авив за главен сефардски рабин го определи за кандидат во изборот за главен сефардски рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наспроти неговата настојчивост, ни таа не се предаде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бај Шишко живееше во една дрвена барака од задниот дел на економското училиште и оти син му учеше во Битола, една сламарница стоеше празна наспроти неговиот одар.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заборавив да спомнам, Милошевски носеше два белега од минатото: едниот го беше задржал самиот тој, мислам на брадичето, а вториот му го беше сочувала можеби и наспроти неговата волја онаа позната човечка навика, да го паметиме она на кое еднаш веќе сме навикнале, а него прилично време го викаа попе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)