накај (предл.) - наш (прид.)

- Не си го знаел патот наудолу - накај нашето село...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со трчање се упатив накај нашата улица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Добар ден, - реков, како што нè учеа во забавиште, - имате ли леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Меѓутоа, ниеднаш не се сопнав и продолжив да трчам накај нашата продавница.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се беше добро, ама не чинеше дека требаше да се издржи на училиште уште четири часа: математика, мајчин јазик, музичко, историја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По часовите трчавме накај нашата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ти велам, ќе направиме автенце како оние на автодромот во забавниот парк. Жими мајка!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Важи!“ се согласи Влатко и побрзавме накај нашата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што не ни поминало преку глава, па и тоа помина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко ми е најверен другар. Отсрце сакаше да ми помогне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Излегов, со некаква нескриена гордост сам ја поминав улицата и се упатив накај нашата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ништо полесно од тоа! Жими мајка!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)