накај (предл.) - училиште (имн.)

Ама ја прифатив нејзината шега: „Растам“, реков, „ќе дојде колце на тркалце и тебе ќе те надраснам!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го земав клучот од визбата, и чантата ја земав за на училиште, повтор да не се качувам нагоре и се стрчавме наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога? - си помислив. Па таа речиси го надминала Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа се поздрави со Влатко, Ташко и Дејко. Најнакрај се поздрави со Љупчо и со него тргна накај училиштето, зашто веќе ѕвонеше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ајде ќе задоцниме - одделенски час“ и се стрчаа накај училиштето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сега накај училиштето!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се стрчаа накај училиштето. Ги чекаше напорен ден. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се упатија накај училиштето. Пред самиот влез автобусите 5 и 15 „возеа“ в место, да не изгаснат моторите во зимски услови, ама наоколу исфрлаа издувни гасови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)