Од Алилово скршнал накај селото, отишол дома кај Бришковци и Ордана нивни, за кој се зборуваше дека е ајдутин, и со кого бил пријател, го кандисувал ноќта на полноќ да нападат на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се сврте кон прскалките, ја сврте и цевката на пушката кон нив и почна да пука.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Некаде накај селото, оттаму во темнината светкаа и се гаснеа рафалите. Како прскалки за Нова година.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Крепејќи се една со друга молкум заслегоа низ забелот, па низ коријата - накај селото - накај домата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Смирено го слушаа дедо Петре. И молчешкум тргнаа накај селото. Темна темница и пред нив и зад нив...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Мажите и момчињата си станале и се упатиле накај селото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со полни раце билје, дренови фиданки и со песни момичките тргнале накај селото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Баритонот молкна и самиот се потопи во непроѕирноста. Само накај село борците се викаат еден со друг кај каменото црквиче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во кошарата на Ќендра Германците и кучиња доведоа: душкаа, вртеа околу неа, трчаа накај селото, но запираа онаму каде што е потокот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)