Рози се насмеа и побрза накај кујната за да ѝ помага на Кети во конзервирањето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Пале, - свика накај кујната Живко, - подај од черешновицата, Гината сака да проба. - Јас да ја пробам, вие да ја пиете.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Покрај фотелјите и каучот забележав и уредно здиплени чергичиња и се подзачудив за што би можеле да служат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сѐ беше беспрекорно уредено и сјаеше од свежина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Што мириса вака? - се сврте накај кујната и подушка уште неколку пати.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дино само набрзина го голтна последниот залак од ручекот и тромаво се стрча накај кујната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Можеби мајка ми нема да се лути толку, си помислив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Де, де, голема работа, - рече Мони и смирено тргна накај кујната, - сега само да јадам и одма ќе одиш да купиш леб, а ќе ја викнеме и Бистра, па ќе одиме на лулашки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Како?“ вчудовидено прашува Влатко и со главата нишнува накај кујната.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Скокам од постелата, се стрчувам накај кујната.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)