над (предл.) - свој (прид.)

Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓувремено, ене го Сатирот, качен на коњ, облечен како каубоец, со своите криви нозе стегнати околу натагарениот стомак на коњот, во траперки и со сомбреро на главата, распеан, мавта со ласото над својата глава и тера пред себе преку ридови и долини една бескрајна сурија луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тиквешките и Мегленските потурченици — помаци — ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист — пљачка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги гонеа светулките, ги фаќаа, како жарчиња ги држеа во рацете, па ги расфрлаа над своите глави како искри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Често навлегуваше во коријата. Ги обиколуваше полјаните, береше китки руен и друго есенско цвеќе, правеше букетчиња, за да ги расфрла после над својата глава и да ги чувствува како му паѓаат на лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои доживувале збунетост и анксиозност набргу после внесувањето на дрогата, необични промени на телесната шема, онироидни состојби, визуелни дисторзии и илузии, како и впечаток дека губат контрола над своите телесни процеси, мисли и емоции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еднаш ќе исчезнам во сенките на твојата пена Ќе се вратиме во коренот на големата билка Има цутови загубени огнови на летните ноќи трагачи на добрата утока на утрото Има цутови одвај исправени над своите болести.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Жалејќи го Кузмана, тие над своето блиско толку неизмерно плачат: да не стане пљачка на пците...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, во годините на жестоката блокада на наци­стичка Германија над СССР, кога претстоеше пресудната битка, Сталин бараше помош од разнебитената црква, која го одржуваше авторитетот над своите верници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето тоа време тој можеше да ја држи во своите раце власта над својот оган.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И точно сред лето работата беше завршена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За другиот можеше да се рече дека е само дебел и тромав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пред да се сожалам над својата судбина, ја избришав застрашувачката слика од свеста.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едноставно таквите луѓе се полни со страв, се напрегаат над своите способности, живеат во штрек, од ден на ден стануваат сѐ побездушни, послепи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко над својата маса држеше една голема врамена фотографија на својот вујко од времето кога беше премиер на Турција, со негова посвета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Напротив, исправноста во вистинска смисла бара целосна контрола над сопствениот ментален процес, каква што има акробатот над своето тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом ќе воспоставеше малку контрола над своите физички нелагоди, му се враќаше ужасот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во преградата од спротивната страна другарот Тилотсон сѐ уште беше таинствено наведнат над својот говорпишувач.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И додека кажете: „Вујче Ејнар има зелени крилја“, тој веќе едреше ниско над својот имот, влечејќи ги зад себе алиштата како виножито, како лелеава лента низ лепетните удари и замавнувањата на своите крилја. „Фаќај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како сум се одржала над својата пропаст.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)